Новиот тренер на Вардар 1961, Веселин Вујовиќ на својата промоција денеска изјави дека едвај чека да почне сезоната, да се полнат салите ширум земјава, од што ќе имаат корист и клубовите и репрезентацијата и воопшто македонскиот ракомет.
– Мојата љубов кон Вардар никогаш не згаснала, ниту во периодот кога не бев дел од него. Свесни сме дека тимот не е квалитетен како минатите години, но верувам дека со комбинација од интернационалци и домашни играчи ќе направиме добар резултат сезонава, вели Вујовиќ.
Популарниот Вујо третпат се враќа на клупата на македонскиот ракометен првак, откако беше на чело на „црвено-црниот“ тим од 2006 до 2009 година, па од 2011 до 2013 година.
Тој го презема тимот од Стевче Алушовски, кој со скопскиот тим ја освои двојната круна минатата сезона.