Вулин: Зад наводите за прислушување на руски опозиционери стои моќна служба

од Vladimir Zorba
244 прегледи

Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин денеска ги отфрли наводите на рускиот адвокат Димитри Захватов за прислушување на руски опозициски активисти за време на нивниот митинг минатата година во Белград, наведувајќи дека овие обвинувања се поврзани со формирањето на новата влада на Србија и дека „голем и моќна служба“ стои зад нив.

„Наближувањето на формирањето на Владата ќе биде видливо од медиумските напади врз мене и од борбата да не бидам член на Владата на Србија по секоја цена. Големото и моќно министерство си ја врши работата. Затоа ја подгреваат приказната за прислушувањето на руските опозиционери во Белград, иако сето тоа повеќепати беше демантирано и објаснето“, изјави Вулин, пренесе МУП.

Српска „Нова“ претходно ги објави наводите на рускиот адвокат Захватов дека српската полиција ги прислушувала учесниците на семинарот организиран од руската опозиција во Белград минатиот мај.

Наведе и дека министерот за внатрешни работи, Вулин, транскриптите од тие разговори му ги предал на секретарот за национална безбедност на Русија, Николај Патрушев, по што дел од учесниците на средбата биле уапсени во Русија.

Слични содржини