
Слабеењето на европското влијание врз Турција работи за руските интереси, доколку Русија е заинтересирана да нема обединет фронт против себе. Oва е коментарот за “Взглјад” на доцент од катедрата по политичка теорија на МГИМО Кирил Коктиш по повод настанатите тензии меѓу земјите од ЕУ и Анкара.
Во позадината на влошените односи со водечките европски држави Анкара покажа “стоплување” на односите со Москва. Како пример изданието ја наведува неодамнешната посета на Ердоган на руската престолнина и преговорите со Владимир Путин.
“Русија и Турција не само се вратија нан предкризиното ниво на односите, но дури успеаја да планираат нови цели за нивниот понатамошен развој”, изјави по тој повод амбасадорот на Турција во Русија Хусеин Дириоз. Истанбулскиот весник “Туркие” ја коментира посетата на Ердоган во Москва како “важен сигнал за Европа, која е заинтересирана за проблемите во односите со Русија”.
Според набљудувачите на изданието “оваа ситуација е уште еден доказ дека Европа не знае како да постапи и дејствува неодговорно”. “Взглјд” го цитира турскиот политиколог Талат Четин, кој за азербејџанската агенција Тrend изјави дека приближувањето на Москва и Анкара (која одби да се приклучи на антируски санкции) е неповолна за ЕУ и тоа ја објаснува нервоза на властите во некои земји од Унијата.