
“Каррар” е точна копија на рускиот Т-90, кој бил украден од богата куќа, тврдат сите познавачи на приликите во светот.
Откако Барак Обама ги симна санкциите од Иран, Русија пројави интерес да ја продаде својата воена техника и технологија на оваа исламска теократија, напиша новинарот од The Washington Times Тод Вуд.
Всушност Обама е “најдоброто што некогаш може да и се случи на руската воена индустрија”. За време на Иранско-ирачката војна (1980-1988) паркот на оклопна техника на Иранците понесе сериозни загуби, а потоа Техеран немаше пари да врати силата.
Но откако во земјата протекоа долари, иранските власти изјавија желба да произведуваат руски тенкови под лиценца. Потоа Техеран се откажа од таа намера и изјави дека ќе “развива и ќе гради” свој тенк.
Во неделата (12-ти март) Иран го претстави својот нов тенк “Каррар”, а при создавањето, според зборовите на Иранците, воопшто не користеле руска технологија.
“За жал на оваа верзија” Каррар “изгледа исто како рускиот Т-90” – забележува новинарот. – Излегува така: Иран изјави дека му се потребни руските цртежи, за да гради Т-90, потоа пак изјави дека цртежите на Т-90 не му се потребни, а потоа Иран демонстрира копија на Т-90.
“