WeChat веќе има над 1 милијарда сметки

од Vladimir Zorba

Кинеската социјална мрежа WeChat сега може да се пофали со над 1 милијарда сметки, открива Financial Times. Тоа не значи дека таа има толку корисници, бидејќи секој може да регистрира по неколку сметки, но сепак ја покажува големата популарност на глобално ниво.

Според аналитичарите, поголемиот дел од новите корисници доаѓаат од Југоисточна Азија, Европа и САД, откако многу Кинези кои живеат во странство, ја користат апликацијата за да останат во контакт со роднини и пријатели во својата татковина.

Апликацијата има доминантна позиција во Кина поради блокирањето на WhatsApp и наметнатата цензура над услуги како Line и Facebook Messenger. WeChat не е само апликација за разговор, бидејќи преку неа може да се купуваат стоки, да се врши плаќања, да се резервираат патувања и така натаму.

Во септември минатата година Tencent, компанијата која стои зад WeChat, објави 15,8% раст во сметките на годишно ниво до 963 милиони. Услугата има над 900 милиони корисници кои се вклучуваат секој ден и испраќаат преку 38 милијарди пораки.

Слични содржини