Велика Британија би можела да ја укине апликацијата за пораки WhatsApp поради ризикот од конфликт меѓу британската влада и раководството на компанијата, предупредија британските министри.
Причината за спорот е Законот за онлајн безбедност, огромен акт кој ќе ги регулира речиси сите аспекти на онлајн комуникацијата во Велика Британија, пренесe The Guardian.
Тој закон се подготвува повеќе од четири години и на него работеа осум државни секретари и пет премиери. Правниот текст има повеќе од 250 страници, а само содржината на овој документ е претставена на 10 страници.
Нацрт-законот му дава овластување на регулаторот Ofcom да ги казни социјалните мрежи за користење антитерористичка технологија или содржина што прикажува сексуална злоупотреба на деца, со казни до 10 отсто од глобалниот промет за услуги кои не се во согласност со законот.
Компаниите кои поседуваат онлајн платформи мора да вложат „максимални напори“ да развијат или да стекнат технологија што ќе им овозможи да се усогласат со законските норми, се вели во извештајот на лондонскиот дневен весник.