Windows 10 ќе биде поагресивен во блокирањето на потенцијално несаканите апликации

од Stefanija Kuzmanovska

Microsoft планира да промени некои карактеристики во рамките на своите безбедносни опции, а компанијата планира да ја подобри безбедноста на Windows 10 со поагресивен пристап за блокирање на потенцијално несакани апликации (PUA).

Потенцијално несаканите апликации не се сметаат за исклучиво малициозен софтвер или опасни апликации, но терминот PUA се однесува на апликации и adware што можат да имаат негативно влијание врз приватноста на корисникот. Во некои случаи, Microsoft ги блокира или ги предупредува корисниците кога ќе открие такви апликации.

Функцијата беше воведена во ажурирањето во мај 2020 година, но Microsoft сега објави дека стандардно ќе биде овозможена од август.

Ажурирањето на Windows 10 на 10 август ќе ви овозможи да блокирате потенцијално несакани апликации, така што корисниците ќе мора да ја оневозможат функцијата доколку имаат одредени апликации што би сакале да ги инсталираат, но Windows ги блокира.

Слични содржини