Windows 10 веќе се користи од 825 милиони уреди

од Vlatko K
147 прегледи

Главната цел на Microsoft е нивниот нов оперативен систем да биде користен од максимален број
уреди низ целиот свет. Тоа е причината зошто компанијата предизивика негативни коментари за
начинот на кој таа агресивно ги обезбедува надградбите. Најновите податоци од Thurott.com
откриваат дека Windows 10 моментално активно се користи од над 825 милиони уреди.


Специфичните цифри се генерирани од внатрешен документ на Microsoft прикажан за време на
конференцијата Build 2019.

Toва значи дека компанијата постепено се приближува до психолошката граница од 1 милијарда
компјутери, кои го користат оперативниот систем. Се чини дека е само прашање на време за
компанијата да ја постигне оваа амбициозна цел. Само за неколку дена се очекува да започне и да
се шири ажурирањето Windows 10 May 2019 Update. Microsoft потврди дека „апдејтот“ ќе биде
достапен за компјутери кои се компатибилни пред крајот на овој месец.

Интересен факт е дека компанијата престана да објавува официјални детали за бројот на уредите
со Windows 10 пред неколку месеци. За последен пат дознавме дека платформата беше користена
од 700 милиони корисници во септември 2018 година. Сепак Microsoft веројатно ќе ја наруши
тишината кога ќе успеат да ја постигнат посакуваната цел од 1.000.000.000 уреди ажурирани кон
Windows 10. Со оглед на сегашните стапки, ги имаме сите причини да очекуваме тоа да се случи за
неколку месеци.