Windows 7 останува со критички висок удел

од Vlatko K
180 прегледи

Во јануари следната година, Microsoft ќе ја прекине поддршката за Windows 7, што претставува
одредени ризици за корисниците на веќе „остарениот“ оперативен систем. Деловните клиенти
треба да бидат особено загрижени.


Microsoft се обидува напорно да ги охрабри корисниците на Windows 7 да го ажурираат својот
софтвер. Но, и покрај континуираното подобрување на Windows 10 и голем број на иницијативи за
привлекување на корисници кон новиот оперативен систем, бројот на корисници на Windows 7
останува критично голем, според „Kaspersky Lab“.

Windows 7 останува со значителен удел кај малите претпријатија – 38% наспроти 53-55% за Windows
10. Кај малите и средни бизниси, како и кај корпоративните корисници, постои рамномерност меѓу
двата оперативни системи.

Распространетата употреба на Windows 7 е загрижувачка, бидејќи остануваат помалку од шест
месеци пред да истече поддршката за оваа верзија, предупредуваат експертите.