„Wizz Air“, еколошки најодржливата авиокомпанија во регионот на ЕМЕА, денес објави важно ажурирање на опциите за поддршка на корисниците, продолжувајќи да ја подобрува понудата за услуги за корисниците. Од денес (21 јануари), авиокомпанијата ја укина својата линија за повици со висока тарифа, осигурувајќи се дека на никој од корисниците нема да му биде наплатено со тарифи за премиум повици. Корисниците од С.Македонија можат да го посетат новиот „Wizz Air“ центар за помош за повеќе информации за најдобриот број за контакт, при што ќе бидат применети локални тарифи.
За најбрз и најлесен пристап до помош и поддршка, „Wizz Air“ им препорачува на патниците да ја користат својата онлајн self-service платформа, која е достапна преку „Wizz Air“ веб-страницата или мобилната апликација. Од тука, корисниците можат да управуваат со своите резервации, да добиваат информации за своите летови, да прават промени, да бараат поврат на средства или да решаваат проблеми поврзани со доцнења или откажувања.
Корисниците можат да побараат 24/7 информации за резервации, статус на летови, багаж и услуги на WIZZ преку онлајн чет-ботот на авиокомпанијата, Amelia. За посложени прашања, достапни се и агенти за разговор во живо, кои исто така нудат помош 24/7 на англиски.
Корисничката поддршка останува важен аспект на инвестиција за Wizz Air, а авиокомпанијата постојано развива иновации за да го подобри искуството што им го нуди на патниците. Минатата година, Wizz Air ја воведе услугата Amelia Voice Service, која им овозможува на корисниците автоматизирани известувања за нивните резервации, обезбедувајќи суштински информации и насоки во случај на какви било нарушувања на нивниот лет.
Богларка Спарк, раководител на Корисничко Искуство во „Wizz Air“, изјави: „Ние сме посветени на обезбедување на најдоброто можно патничко искуство за нашите корисници. Корисничката поддршка е во фокусот на авиокомпанијата. Денешната објава е само еден пример за подобрувањата што ги правиме во оваа област. Продолжуваме да инвестираме во иновации за да се осигураме дека можеме да ги исполниме очекувањата на нашите корисници ширум светот.“
„Wizz Air“ управува со флота од 226 авиони Airbus A320 и A321. Тим од посветени професионалци во авијацијата обезбедува супериорна услуга и исклучително ниски цени, правејќи ја Wizz Air префериран избор на 62,8 милиони патници во 2024 година. Wizz Air котира на Лондонската берза под тикерот WIZZ. Компанијата неодамна беше именувана како една од петте најбезбедни авиокомпании во светот од страна на airlineratings.com, единствената агенција за проценка на безбедност и производи, и прогласена за Авиокомпанија на годината од Air Transport Awards во 2019 и 2023 година.
„Wizz Air“ е и призната како „Најодржлива нискобуџетна авиокомпанија“ во периодот 2021-2024 година и „Најдобра авиокомпанија за намалување на јаглеродни емисии“ од наградите за одржливост на World Finance во 2024 година. Компанијата исто така ја доби наградата „Авиокомпанија на годината за еколошка одржливост во регионот ЕМЕА“ од страна на CAPA-Centre for Aviation Awards for Excellence во 2024 година.