„Wizz Air“ укинува три авиолинии од скопскиот аеродром. Станува збор за летови од и до Келн, Копенхаген и Стокхолм.
Билетите за овие дестинации повеќе не може да се купуваат на веб-страницата на „Wizz Air“. Во моментов нема информации дали овие линии повторно ќе се вратат напролет, со летниот ред на летање.
„Wizz Air“ се повлекува од Келн, а за да го надомести интересот за тој дел од Германија, компанијата ќе ја зголеми фреквенцијата од Скопје до Дортмунд.
Патниците кои летаат за Данска сега имаат опција за соседниот аеродром Малме во Шведска.
Од 29 ноември беше откажан и летот Скопје-Сараево, кој го вршеше грчката авиокомпанија „Aegean Airlines“ преку нејзината подружница „Олимпик“.
Веќе неколку денови почнa новиот зимскиот ред на летање, според кој, од Меѓународниот Аеродром Скопје ќе летаат 14 авиокомпании до вкупно 37 редовни дестинации и до седум дестинации со чартер летови, или вкупно 44 дестинации од Меѓународниот Аеродром Скопје. Од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, пак, три авиокомпании ќе летаат до четири дестинации.
Со последниот повик за субвенционирање на авиолинии следната година од македонските аеродроми ќе може да се патува до Дубаи и Барселона, дестинации кои се обновуваат, како и до Лион, Штудгарт, Базел и Истанбул.