„Wonder Woman“ е повторно бремена

од Nikola Popovski

По доделувањето на Златниот глобус, актерката Гал Гадот откри дека го чека своето трето дете со сопругот Јарон Версан.

Ѕвездата на филмот „Wonder Woman 1984“, актерката Гал Гадот, вчера откри дека е бремена.

Среќната вест ја објавиla на својот Инстаграм со фотографија на која позира со сопругот и двете ќерки.

„Идеме повторно“, напишала таа покрај семејната фотографија, а честитки следувале во коментарите.

Гадот е во брак со бизнисменот Јарон Версан од 2008 година, a заедно ги имаат ќерките Маја и Алма. На доделувањето на наградите Златен глобус, актерката била во бел мавтан фустан, а многумина забележале дека крие нешто.

Инаку, поранешната манекенка стана холивудска sвезда откако се појави во филмот од серијата „Брзи и бесни“ во 2009 година. Режисерот Зак Снајдер во неа виде голем потенцијал, и реши да и даде шанса со улогата во „Wonder Woman“.

loading...

Слични содржини