WSJ: Офанзивата на Турција во Сирија целосно ги изненади САД

од Vladimir Zorba
59 прегледи

20160830.eeakoxmrsy (1)

Белата куќа постојано одолговлекуваше преговорите и конечно Анкара не издржа

Операцијата на Турција против ИД во Сирија ја измами САД, беа неподготвени, пишува The Wall Street Journal, повикувајќи се на изјави на американски и турски чиновници.
Кога армијата на Турција, мината недела започна офанзива во Сирија, Пентагон излезе со официјално одобрување на операцијата, велејќи за висок степен на соработка меѓу Вашингтон и Анкара.

“Зад кулисите сепак соработката меѓу партнерите од НАТО претрпе крах на високо ниво” – констатира WSJ.

WSJ ја следи историјата на преговорите меѓу Анкара и Вашингтон за заедничка операција во Сирија, чиј почеток беше најавен во пролетта 2015 година

Во јуни 2015 година Ердоган изрази подготвеност да активира на границата 2000 војнци и изразил надеж за учество на американски специјалци, но Вашингтон одби.

Како резултат на тоа Анкара и Вашингтон се согласија да го поддржат неколку илјади борци од умерената сириска опозиција со авијација и артилерија. За оваа мисија сепак не беа повикани доволно востаници.

Откако во сирискиот конфликт се вмеша Русија, заедничката операција е одложена и опишана како неостварлива.

Во зима преговорите беа обновени. Реална можност беше наведена само по нормализирање на односите меѓу Москва и Анкара.

Следеше циклус од преговори. Конечно во фокусот се исцрта градот Џараблус. Според планот на Анкара, турски специјалци требало да влезат во градот заедно со Американци, кои требало да а координираат авијацијата и да бидат ангажирани во операцијата на сириска опозиција.

Овој пат се вмешл Белата куќа, кој има потреба од одговори на “одредени прашања”. Особено САД се интересираше за заштита на американските специјалци, бидејќи во неа може да учествуваат и борци на “Ал Каеда”, забележува WSJ. Турците сепак не запираа пред активностите на Курдите.

Вечерта на 23 август Белата куќа објави намера следниот ден да одржи самит за разгледување предлозите на Пентагон. Во текот на ноќта, меѓутоа Турција презеде офанзивата, без да го извести Вашингтон.