Социјалната мрежа „Х“ отстранила „стотици профили поврзани со Хамас“ и отстранила илјадници објави од саботата, кога се случи првиот напад во Израел.
Платформата, порано позната како Твитер, доби 24 часа од Европската Унија претходно оваа недела за да се справи со содржината и дезинформациите поврзани со конфликтот во Израел или беше најавено дека ќе се соочи со казни според неодамна усвоениот Закон за дигитални услуги.
Извршниот директор на „X“, Линда Јасарино, му одговори на претставникот на ЕУ, Тиери Бретон дека компанијата „пренаменила ресурси и ги пренасочила внатрешните тимови кои работат деноноќно за да ја решат ситуацијата“, наведува „N1“.
„На X нема место за терористички организации или насилни екстремистички групи, ние продолжуваме да ги отстрануваме таквите сметки во реално време“, соопштила таа.
Платформата, се вели, „собрала лидерска група за да ја процени ситуацијата“ набргу по објавувањето на веста за нападот.
Потврдувајќи го приемот на писмото на компанијата „X“, Братон на истата мрежа објави дека тимот за спроведување на Законот за дигитални услуги „ќе го анализира одговорот и ќе одлучи за следните чекори“.
Нацрт-законот е еден од најамбициозните напори на креаторите на политики насекаде за регулирање на технолошките гиганти и компаниите кои се соочуваат со милијарди казни за прекршување на законот.