Пред неколку дена Xaiomi ја објави новата серија Mi CC, која е резултат од стекнувањето на
кинеската компанија Meitu, и откри дека таа ќе биде наменета за младите корисници, но првите
производи во неа беа претставени едвај денес.
Се работи за паметните телефони на Mi CC 9, Mi CC 9e и Mi CC 9 Meitu Edition. И трите се опремени
со 32МР селфи камера во форма на капка на врвот на екранот, батерија со капацитет 4030 mAh и
тројна главна камера со 48МР главен сензор, 8МР сензор со ултра широкоаголна оптика и 2МР
сензор за „боке“ ефекти.
Xiaomi Mi CC 9 се потпира на Snapdragon 710 чипсет во комбинација со 6 / 8GB RAM и 64 / 128GB
меморија. Откриваме уште 6.39-инчен OLED екран (full HD +) со вграден сензор за отпечатоци, NFC,
3.5 милиметарски џек за слушалки, инфраред, USB-C, поддршка за Game Turbo 2.0 и полнење при
18W.
Xiaomi Mi CC 9e е со чипсет Snapdragon 665 , 6-инчен OLED дисплеј (1560×720) со сензор за
отпечатоци, 4 / 6GB RAM и 64 / 128GB меморија.
Xiaomi Mi CC 9 Meitu Edition е идентичен со Mi CC9, но вклучува софтверски карактеристики
развиени од Meitu. Станува збор за работи како AI портрети во услови на недоволна осветленост,
филмски портрети и разубавувачки филтри за цело тело. Телефонот работи со Snapdragon 710 и
има 8GB RAM и 256GB меморија на датотеки.
Цената на Xiaomi Mi CC 9 започнува од 1.799 јуани (231 евра) за верзијата 6 / 64GB и а за 1.999 јуани
(257 евра) корисниците добиваат 6 / 128GB меморија.
Mi CC 9е вреди 1.299 јуани (167 евра) за 4 / 64GB, 1399 јуани (180 евра) за 6 / 64GB и 1.599 јуани (206
евра) за 6 / 128GB меморија.
Xiaomi Mi CC 9 Meitu Edition е со цена од 2.599 јуани (335 евра).