Xiaomi нуди паметен телефон, лаптоп и паметна нараквица по цена на iPhone

од Vlatko K
147 прегледи

Xiaomi започна интересна промоција во врска со премиерата на новите модели на iPhone.

Кинеската компанија објави во својата татковина три комплети на различни уреди кои се со истите трошоци како новите модели на компанијата Купертино, па дури и се крстени по нив.

Во секој од пакетите, корисниците ќе најдат нов топ модел смартфон на Xiaomi (Xiaomi Mi 8 Mi 8 SE или Mi Mix 2S), актуелен лаптоп (Mi Notebook Air или Mi Notebook Pro), паметна нараквица MiBand 3 и Bluetooth слушалки.

Комплетите се со цена од 6.499, 8.699 и 9.599 јуани (810, 1.085 и 1.197 евра). За жал, атрактивната промоција во моментов е достапна само во Кина, но ние не би биле изненадени ако филијалите на Xiaomi на други пазари започнат слични иницијативи.