Xiaomi во Светската канцеларија за интелектуална сопственост (WIPO) патентираше нов дизајн на
паметни телефони кој опишува уред со заоблен дисплеј од четири страни.

И во моментов постојат модели кои имаат заоблен екран на лево и десно, но дизајнот на Xiaomi го
развива овој концепт.
Во материјалите не го гледаме присуството на предната камера, што не мора да значи отсуство на
таква. Во патентната пријава до WIPO исто така е додадена компјутерски генерирана визуелизација
на евентуалниот уред, кој изгледа елегантно.
Меѓу другите функции во дизајнот на паметниот телефон гледаме двојна главна камера со LED блиц
на задната страна и USB приклучок во основата на конструкцијата. Нема хардверски копчиња и
видлив читач на отпечатоци. Ова сугерира дека моделот ќе вклучи скенер за отпечатоци и гест
навигација.

Претстои да се види дали компанијата ќе го создаде паметниот телефон, или тоа ќе си остане само
концепт