Xiaomi прави реорганизација во компанијата

од Vladimir Zorba

Xiaomi може да се пофали со силна продажба на паметни телефони во последните квартали. Благодарение на добрите перформанси, компанијата се етаблира како водечки производител во индустријата. Аналитичарите очекуваат популарноста на Xiaomi надвор од кинескиот пазар да продолжи да се зголемува. Раководителот на компанијата, Леи Џун, подготвува уште поагресивна стратегија следната година која вклучува отпуштање на неколку клучни вработени.

Промени во организацијата се потребни заради тековните реформи што ќе овозможат Xiaomi да биде уште поуспешен на пазарот на паметните телефони во 2020 година. Првиот високопоставен вработен што се повлече од својата позиција е еден од ко-основачите на компанијата, чие име е Лин Вангчианг. Досега тој работел на клучни производи на Xiaomi како што се MIUI, Xiaomi.com, Xiaomi Brand Market System и други производи, пренесува GizmoChina. Сепак, ова не е единствената промена.

Податоците откриваат дека се унапредени уште три важни личности во компанијата, имено: Лин Бинг, Ванг Ксијанг и Хе Јонг. Паралелно, Xiaomi преместува уште двајца свои деловни директори во различни оддели за да обезбеди иден раст во мобилната индустрија. Овие се Жу Шузи и Лу Ваибинг. Водечки фокус за кинескиот производител во 2020 година ќе продолжи да биде европски пазар, каде што ја зголемија својата продажба за повеќе од 90% во минатата година.

Слични содржини