Xpeng има намера да произведува електрични автомобили во Европа

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Кинеската компанија Xpeng активно бара место во Европа за производство на своите електрични автомобили, а причината е што Европската унија воведува повисоки царини за увоз на кинески електрични возила на Стариот континент.

Xpeng моментално бара идеална локација за производство, која има низок оперативен ризик, а компанијата планира и да изгради голем центар за податоци во Европа. Центарот ќе и помогне на кинеската компанија да собира софтверски податоци за нејзините „паметни“ функции за возење.

„Продажбата на еден милион автомобили со вештачка интелигенција годишно ќе биде задолжителна цел за компаниите кои сакаат да постигнат успех во следните 10 години. Тогаш возачите би можеле да го допираат воланот помалку од еднаш дневно при нивното секојдневно патување“, рече Хе Ксијаопенг, извршен директор на Xpeng.

Тој смета дека компаниите како Xpeng ќе почнат да продаваат автомобили од овој тип од 2025 година. Минатиот месец, Xpeng рече дека планира да лансира самоуправувачки такси во 2026 година.

Сепак, Xpeng не е единствената компанија која сака да се „лоцира“ во Европа. BYD, Chery и Zeekr исто така работат на истото. MG Motor, кој е во сопственост на SAIC, размислува за извоз на автомобили од фабрика во Тајланд во Европа. Сите овие компании сакаат да избегнат да плаќаат повисоки царини од ЕУ за нивните автомобили.

Слични содржини