Xperia 3 ќе понуди прилично сериозен хардвер

од Vladimir Zorba


Sony продолжува да ја подобрува својата линија на паметни телефони Xperia, а врз основа на истечените во Интернет просторот карактеристики, можеме да процениме дека Xperia 3 ќе понуди прилично сериозен хардвер.

Јапонскиот смартфон од висока класа треба да има премиера во 2020 година. За хардверот на уредот, дознаваме од Geekbench кои ги прикажуваат моќнит Snapdragon 865 и респектабилни 12GB RAM меморија.

Чипсетот е очекуван избор со оглед на фактот дека долги години предводниците на Sony користат чипови од висока класа на Qualcomm.

Сепак, количината на RAM меморија е изненадувачка со оглед на фактот дека сегашните Xperia 1 и Xperia 5 нудат само 6GB меморија.

Geekbench 4 посочува на матичната плоча на телефонот како на „Kona“ – кодно име Snapdragon 865. Телефонот работи на Android 10.

PM-1310 како име може да се најде на списокот со уреди SonyMobile.com. Патем, Xperia 1 е PM-122X.

Телефонот ќе биде достапен во четири верзии, а тоо моделот ќе поддржува 5G конекција.

Sony веројатно ќе се потпира на заоблениот грб на паметниот телефон, а резолуцијата може да не биде 4K како Xperia 1, туку QHD. Актуелните рендери на уредот сугерираат импресивна камера на прв поглед, составена од шест различни сензори.

Xperia 3 (познат во моментов и како Xperia 0) најверојатно ќе биде официјално откриен на претстојниот IFA.

Слични содржини