Yahoo отпушта 20 отсто од вработените

од Vladimir Zorba
126 прегледи

Yahoo соопшти дека планира да отпушти повеќе од 20 отсто од своите вработени како дел од големото преструктуирање на одделот за рекламна технологија.

Намалувањата ќе влијаат на речиси 50 отсто од работната сила на Yahoo до крајот на оваа година, вклучително и речиси 1.000 оваа недела.

Yahoo е во сопственост на приватната инвестициска компанија Apollo Global Management по откупот за пет милијарди долари во 2021 година, пренесе Ројтерс.

Отпуштањата треба да и овозможат на компанијата да го стесни својот фокус и инвестирање во нејзиниот водечки рекламен бизнис, DSP, откако многу огласувачи ги намалија своите маркетинг буџети како одговор на рекордно високите стапки на инфлација и континуираната неизвесност за рецесијата.

Низа американски компании, од Goldman Sachs до Alphabet, исто така отпуштија илјадници работници за да се справат со падот на побарувачката предизвикан од високата инфлација и зголемените каматни стапки.

Слични содржини