Yeni Safak сензационално: Поранешен командант на НАТО стои зад бунтот во Турција

од desk3
112 прегледи

Поранешен командант на војските на НАТО стои зад неуспешниот заговор против Ердоган, пишува весникот Yeni Safak. Станува збор за Џон Кембел, поранешен командант на војските на НАТО во Авганистан. Токму тој, тврди весникот, повикувајќи се на извори во истрагата, е посочен како еден од главните инспиратори на неуспешниот обид за воен удар. 59-годишниот генерал бил “едно од првите лица, што ги организирал и водени војниците при обидот за државен удар во Турција”, наведува весникот, кој е познат со поддршката за политиката на претседателот Ердоган.

1469473942-1

Според податоците на Yeni Safak, Кембел “со помош на ЦИА успеал да реализира договори за повеќе од 2 милијарди долари во UBA Bank во Нигерија. Сите овие пари биле насочени за поддршка на приврзаниците на ударот”.

Сега веќе нема сомнежи: Алармантните податоци покажуваат дека Хрватска умира

Според весникот, “милиони долари биле префрлени од Нигерија во Турција од група соработници на ЦИА. Парите биле користени за да биде убеден вишиот генералитет да застане на страната на превратот”.

voen-udar-turcija

Генералот оствари две посети во Турција, за време на кои се состанувал со претставници на организацијата ФЕТО предводена од проповедникот Фетхуллах Гулен, која се смета од турските власти за терористичка и вмешана во обидот за преврат. Претходно денеска беше соопштено дека двајца турски генерали, кои држеа клучни позиции во контингентот на НАТО во Авганистан, исто така, се уапсени за обидот за преврат.