81 YouTube објави дека започнува со HTML5 стрим за стримовите во живо и снимање и репродукција на овие стримови при 60FPS. За ова е потребен прелистувач со YouTube HTML5 плеер, а оваа функција е достапна на последната верзија на сите популарни прелистувачи. Примената на HTML5 ќе овозможи враќање назад во видеата кои се во живо и промена на брзината на репродукција на видео содржина. „За стримовите во живо се фокусираме на HTML плеер, сметаме дека ќе овозможи најдобро искуство“, вели портпаролот на YouTube заVentureBeat. Можеби најинтересно е ќе биде да го видиме развојот на YouTube како платформа за стрим на гејминг, кој би бил директна конкуренција на Twitch. Според шпекулациите Google имаше понуда за купување на платформата, но Amazon ги претрка, па за 970 милиони долари Twitchстана составен дел од најголемата светска продавница. Сепак 1080р@60 се чини дека е токму наменета за видеоигрите, а YouTube откри дека започнале соработка со Elgato и XSplit за нови верзии на софтверот кој ќе поддржува стримови со 60FPS директно до YouTube. Повеќе податоци за идните планови на YouTube најверојатни ќе бидат достапни на Google I/O, иако кога е во прашање гејмингот нема да биде изненадување доколку YouTube се одлучи да ги презентира своите нови можности на Е3 кој ќе се одржи за еден месец. Сподели FacebookTwitterPinterestLinkedinWhatsappTelegramViberEmail Слични содржини 🎥 Спејс Х лансира сателит за да ги проучува облаците... 29/05/2024 10:33 Редок небесен спектакл: Еве што ќе се случи со 6... 27/05/2024 11:27 „Гугл“ ќе вложи една милијарда евра во проширување на центарот... 21/05/2024 14:39 Пребарувањето на Гугл се менува: Воведува одговори од вештачка интелигенција 15/05/2024 17:48 Продолжува вселенскиот туризам, „Блу Ориџин“ на Безос планира нови летови 15/05/2024 9:27 „Блу Ориџин“ на Безос планира нови вселенски летови од 19... 14/05/2024 20:51