Редок небесен спектакл: Еве што ќе се случи со 6 планети

од Илинка Илиоска
315 прегледи

На почетокот на следниот месец, поточно, меѓу 3 и 4 јуни ќе имате можност да видите порамнување на дури шест планети.

Во иста низа, на небото ќе се најдат Меркур, Марс, Јупитер, Сатурн, Нептун и Уран.

Гледањето две или три планети блиску една до друга не е невообичаено, но порамнувањето на шест планети е  многу ретко и се нарекува големо порамнување.

Често можеме да слушнеме или прочитаме дека овој вид на феномен има некое скриено значење, дека може да влијае на нашите животи и да предупредува за некој иден настан кој може да има негативни или позитивни последици врз нашите животи.

Сепак, експертите велат дека ништо нема да се случи,  освен визуелниот спектакл кој ќе биде видлив од повеќето локации низ светот.

Ако сакате да ја видите целосната убавина на овој небесен спектакл во раните утрински часови на почетокот на јуни, можеби ќе ви требаат визуелни помагала.

Меркур, Марс, Јупитер и Сатурн ќе бидат доволно светли за да се видат со голо око, но на Уран и Нептун ќе им треба телескоп, пишува Science Alert.

Во кое време планетите изгреваат и заоѓаат, и по кој редослед, зависи од кој дел на светот гледате на ноќното небо.

Слични содржини