„З Д Р А Вј Е“: Битолските локални власти ја тргнаа згрешената новогодишна декорација (ФОТО)

од Берта Китинска

Вчерашната техничка грешка која осамна на новогодишна декорација поствена во Битола , предизвика бројни коментари низ социјалните мрежи.

По бурните реакции битолските локални власти ја тргнаа згрешената новогодишна декорација, каде беше испишан зборот З Д Р А Вј Е, со кој преку светлечка реклама сакаа да им ги честитаат новогодишните празници на своите сограѓани.

-Доброто здравје е најважно за сите нас. Тоа е нашата најголема желба и за деновите кои преостануваат од годината која изминува, но и ЗДРАВЈЕ за деновите кои се пред нас во годините кои доаѓаат.

Техничка грешка на терен, не е решението кое е одобрено од Општина Битола и истото не е визуелниот избор на општината, туку лично гледање на дел од вработените задолжени за новогодишното украсување. Токму поради тоа, извршена е навремена и брза корекција на направениот пропуст.Сепак, во овие мигови кога истовремено, дел од граѓаните се борат со коронавирусот, а дел се обидуваат нормално да фукционираат и да работат, создавајќи пријатна атмосфера за сите нас, единствената наша, заедничка, најголема желба е ЗДРАВЈЕ во секое семејство.

Декоративните елементи немаат никаква политичка или тенденциозна цел. Нивната функција е единствено да внесат убавина во нашето секојдневие и да ни помогнат што полесно да ја пребродиме оваа нова реалност.ЗДРАВЈЕ какво што сите посакуваме нека не исполнува, а Битола нека зрачи со светлината која нејзините граѓани ја заслужуваат, соопштија од општината.

 

 

Слични содржини