Зајкова: Домаќинките беа повикани да замесат леб, но не гледам проблем и мажот да замеси

од Nikola Popovski
272 прегледи

Треба да се работи на медиумската писменост, затоа што не може да допуштиме да произлегуваат наслови како: „жените треба да ги засукаат ракавите“, побара пратеничката и лидерка на ЛДП, Моника Зајкова во емисијата „Аргумент плус“ на Тв 24.

Според неа, немаме едукација од најрана возраст и родовата еднаквост сеуште ја третираме како некаков феномен за којшто треба да зборуваме.

-За жал живееме во време на патријахалните родови и имаме општество полно со стереотипи коишто треба да ги надминуваме, едукацијата од најрана возраст за тоа што значи родова еднаквост и човекови права треба итно да се внесе во училишните програми.

Домаќинките беа повикани да замесат леб, но не гледам проблем и мажот да замеси леб, особено не, во ваква глобална транзиција каде што жената и економски придонесува колку и мажот, можеби и повеќе во некои семејства, каде што и таа паралелно одговара на сите современи општествени текови, кажа Зајкова.

Во однос на неказнивоста Зајкова вели дека, голем дел од жените, особено во руралните средини, од страв од стигмата не се осмелуваат да пријават кога се жртва на вербален или физички напад.

Слични содржини