Законот за студентски оброк кој предизвика оправдани реакции меѓу студентите по однос на критериумите кои се вметнати во истиот се ПОВЛЕКУВА, заради усогласување во овој дел заедно со претставниците на студентите, наведе на својата официјална Фејсбук страна пратеничката и потпретседателка на ЛДП, Моника Зајкова.
„Јавно ги повикувам претставниците на Универзитетските студентски собранија на итна средба во Собранието на Република Северна Македонија во понеделник (14ти ноември) во 16.30 часот, сите заедно со министерот Шаќири да дискутираме по однос на овој дел од законот се со цел да најдеме заедничко решение кое ќе биде системски воспоставено и ќе обезбеди здрав оброк на студентите, како што впрочем и беше првата намена“, истакнува Зајкова.
Според неа ова решение треба да прерасне во пракса за да се надоградува во годините кои следат по примерот на Словенија каде се применува долги години.