За 1 работно место во слободните ек. зони државата плаќа по 21 000 евра народни пари

од desk3
195 прегледи

Според истражувањето на Центарот за економски анализи, во просек отварањето на едно работно место во слободните економски зони ги чини македонските даночни обврзници 21 000 евра. Како што информираа од центарот, 7 странски компании кои работат во зоните за седум години добиле вкупна државна помош во висина од 56 милиони евра изразена преку директни субвенции и во даночни ослободувања.

nikola-gruevski-lopata-tirz-delcevo

Ванхауте од Брисел ќе донесе нов предлог-закон за медиумите

“Кај некои од странските инвеститори , субвенциите и ослободувањата достигнуваат и до 47 отсто од висината на средствата кои ги вложиле во државава. Ако ги пренесеме тие трошоци на ниво на генерирани нови вработувања во овие компании, излегува дека едно ново вработување нè чини 21.000 евра”- посочи Весна Гарванлиева од Центар за економски анализи