Американската актерка и продуцент Сандра Булок може да се пофали со извонредната кариера како актерка која ѝ донела милиони во банкарската сметка.

Состојбата ѝ е проценета на повеќе од 85 милиони долари, во кои се вклучени куќите во милионски вредности, со кои таа се слави. Сандра е сопственик на неколку луксузни куќи во САД, од кои секоја чини 10-15 милиони долари.

Неодамна Сандра купи нов имот. За скромна сума од 1,5 милиони долари, американската актерка се здоби со палата во медитерански стил, лоцирана на островот Тајба, Џорџија.

Трикатниот дворец е распореден на површина од 320 квадратни метри. Во градбата се изградени 3 спални, 4 бањи, дневна соба (целиот прв кат), кујна и трпезарија. Во подрумот пак се организирани простори за забава и спорт – фитнес, катче за тенис на маса и воздух хокеј.

 

Сандра Булок одлучила да ужива во замокот на островот главно за одмор. Таа нема намера да се пресели од домот од 16 милиони во Беверли Хилс, каде поминува голем дел од своето време.

Во интерес на вистината во моментов Сандра ја пуштила својата нова придобивка за изнајмување. Според неа имот каков што несомнено е овој медитерански луксуз, не смее да седи пуст. Затоа таа го нуди на туристи за скромна сума од 1 400 долари на вечер.

Влезете во новиот дом на Сандра Булок во нашата галерија.