За 15 дена нов закон: Дел од маркетите, одлучија недела да биде неработен ден за сите вработени

од Берта Китинска
471 прегледи

Владата ја прифати иницијативата денот недела да биде прогласен за неработен ден.

Вработените кои се дел од големото семејство на маркетите Кит-Го, Тера и Супер Кит-Го низ Македонија ќе имаат еден ден целосно да му се посветат на семејството и најблиските.Покрај маркетите и трговските центри решија неделата да им ја дадат како слободен ден на своите вработение.

Владата и го задолжи Министерството за труд и социјална политика во рок од 15 дена да достави законско решение за ова прашање, објави на официјалниот фејсбук профил премиерот Зоран Заев

-Ова решение е во интерес на граѓаните, неделата треба да биде ден посветен на одмор, ден за поквалитетно време за секој граѓанин на кого тоа му е потребно, ден за семејството, ден за себе, вели Заев.

Иницијативата за неработна недела веќе подолго време е актуелна во регионот, меѓутоа бројот на компании во секторот трговија кои го променија своето работно време за да им излезат во пресрет на своите вработени е многу мал.

Слични содржини