За 16 години над 800 лица загинале во несреќи со авиони Ту-154

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Над 800 лица загинаа од 2000 година па наваму при несреќи со авиони од моделот Ту-154, развиен во советско време, информира ДПА.

Трагичната сметка не ја вклучува несреќата што се случи денеска рано наутро во близина на Сочи, при што според информации на Руското Министерство за одбрана загинаа 93 лица.

Ту-154, создаден во 60-тите години на минатиот век, за да превезува над 150 лица и кој може да слетува на патеки без асфалтен слој, беше предводник на рускиот воздушен транспорт со децении.
Произведени се над 1000 авиона Ту-154, но по серијата несреќи руските власти наредија во 2011 година застарените модел постепено да се извадат од употреба.

Дванасетината големи несреќи шсе случија последните 15 години со Ту-154, меѓу кои и паѓањето крај рускиот град Смоленск во 2010 година, во кој загина тогашниот полски претседател Лех Качински и уште 95 претставници на полскиот политичка елита.

Меѓународна истрага утврди дека трагедијата крај Смоленск најверојатно е предизвикана од пилотската грешка, но инцидентот го зајакне чувството дека моделот е морално застарен, забележуваат агенциите.