За 23 отсто намален бројот на сообраќајки во декември

од Vladimir Zorba
377 прегледи

Засилените контроли продолжуваат и евидентно е дека имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Во ноември 2020 година споредено со ноември 2019 година имавме намалување од 21 отсто, а кога ќе ги споредиме декември 2020 со декември 2019 имаме намалување од 23 отсто на бројот на сообраќајни незгоди. Како резултат на преземените активности, 2020 година е со најниска бројка на жртви во сообраќајот во историјата на државата, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес – конференција во Битола.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, рече Ангеловски

Слични содржини