Во Македонија за 2,7 проценти зголемен морталитетот во 2014 во однос на 2013

од Vladimir Zorba
155 прегледи

Бројот на починати лица во Македонија во 2014 година е зголемен за 2,7 проценти во однос на 2013 година и изнесува 19.718. Поголем број се од машки пол, 10.210 или 51,8 проценти од вкупно починатите, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

g_srcev-udar

Бројот на починати доенчиња е 233 и нивното учество во вкупниот број умрени лица изнесува 1,2 проценти на 100 починати лица.

Просечната возраст кај починатите од машки пол изнесува 69,9 години, односно 74,8 години кај лицата од женски пол, или за 4,9 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.

Како и во минатите години најголемо учество имаат починати лица од болести на циркулаторниот систем, и тоа во 57,2 проценти случаи од вкупно умрените, по што следат случаите кај кои како причина за смрт се јавуваат неоплазмите, 18,9 проценти. Со 4,2 проценти се застапени случаите кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести, со 3,6 проценти се застапени случаите кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.