За 3.200 вработени во УКИМ се изнајде решение за зголемување на нивните плати

од Nikola Popovski
276 прегледи

Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски оствари средба со ректорот на УКИМ, Биљана Ангелова и нејзиниот тим, заедно со претставници на синдикатот, при што се изнајде решение за признавање на поединечниот колективен договор на УКИМ, а со тоа и зголемување на нивните плати.

„Ги повикувам ресорните министерства, Министерството за образование и наука и Министерството за финансии да изнајдат брзо решение за признавање на колективниот договор и зголемување на платите на вработените во Универзитетот“, рече Велковски.

Во врска со надлежноста на Министерството за труд и социјална политика, ја информираме јавноста дека се работи за поединечен колективен договор, за кој што потписниците, согласно член 231 став 3 од Законот за работни односи имаат обврска да го известат министерството за неговото потпишување, што во конкретниот случај е и направено. Бидејќи потписниците на колективниот договор склучен помеѓу Собранието на РСМ и УКИМ постапиле согласно предвиденото во Законот, по однос на ваквиот вид на договор, МТСП смета дека нема правна пречка во однос примената и понатамошно постапување по истиот.

Слични содржини