Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јуни 2023 година изнесува 110 319, од кои 23.5 % се домашни туристи, а 76.5 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во јуни 2023 година изнесува 225 092, од кои 30.6 % се од домашните туристи, а 69.4 % од странските туристи.
Во периодот јануари – јуни 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 30.1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.8 %, а кај странските има зголемување за 46.8 %.
Во периодот јануари – јуни 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 18.8 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1.2 %, а кај странските има зголемување за 32.9 %.