Случаите со сипаници се зголемија за 300 отсто во целиот свет во првите три месеци од 2019 година во споредба со истиот период минатата година, објави Светската здравствена организација објавувајќи прелиминарни податоци.

„Иако овие податоци се привремени и се уште не се комплетни, тоа укажува на јасен тренд. Многу земји се наоѓаат во услови на епидемии на сипаници, при што во сите региони во светот има пораст на случаите”, се вели во соопштението на СЗО.
Тие нагласуваат дека вистинскиот број на случаи секогаш ги надминува пријавените случаи, што значи дека раните трендови за 2019 година веројатно ја потценуваат сериозноста на епидемиите.