Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2024 година, се издадени 374 одобренија за градење, што е за 33.6 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 119 331 илјада денари, што е за 71.7 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 207 (55.3 %) се наменети за објекти од високоградба, 75 (20.1 %) за објекти од нискоградба и 92 (24.6 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 374 објекти, на 200 (53.5 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 174 (46.5 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 808 станови, со вкупна корисна површина од 66 044 м2.