За 350 илјади евра продадена топланата „Скопје Север“

од Nikola Popovski
259 прегледи

Продадената топланата „Скопје Север“ за 350 илјади евра. Инвеститорот сè уште не е познат, а ќе се знае наредните денови, откако ќе се уплатат парите, стои во податоците на официјалната берзанска листа. Топланата со парно греење снабдува околу 500 домаќинства и од поодамна е во стечај.

Во среда и четврток по барање на Комерцијална банка, ќе се продаваат и 10 насто од главнината на те-то, со почетна продажна цена од 648 илјади евра по акција, односно за 25-те акции, инвеститор ќе треба да плати нешто повеќе од 16 милиони евра.

Следниот ден, на продажба одат уште 2 обични акции за истата цена, или за нив инвеститорот ќе треба да плати 1,3 милиони евра.

Слични содржини