Роковите за постигнување договор за реформа на медиумите, кој се смета како клучна точка во демократизација на општеството, одамна изминаа. Иако првично договорениот датум беше на 20 ноември, тој неколкупати беше пролонгиран. Груевски, денеска го повтори ставот дека тие прифаќаат било каков европски закон-пренесе 24 Вести.

dogovor-przino

 

Груевски најави изградба на 4 нови капитални објекти од областа на културата

Нема најави ниту за можно приближување на несогласувањата, ниту пак за кога би можеле тие и воопшто да продолжат. Европскиот посредник Питер Ванхауте замина дома пред божиќните празници на 25 декември и се уште е неизвесно кога ќе се врати. Денеска претседателот на ЗНМ Насер Селмани обвини дека преговорите се закочени по вина на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини