За 4,3 проценти зголемен извозот во првиот квартал годинава

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари-март годинава изнесува 1.086.103.000 долари и бележи пораст од 4,3 проценти во однос на истиот период  лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

maxresdefault

Вредноста на увeзената стока во првиот квартал од годинава изнесува 1.497.696.000 долари, што е за 2,2 процента повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-март годинава, изнесува 411.593.000 долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи).

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари-март годинава, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена,  Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.