340
Ајзеа Томас ја заврши десетдневната епизода во Њу Орлеанс Пеликанс.
„Пеликаните“ беа единствениот тим што сакаше да потпише со него и тој доби десетдневен договор.
Одигра три натпревари и соработката нема да се продолжи.
Томас не задоволи во тие три натпревари, бидејќи постигна 7,6 поени при 33% прецизност од играта, со многу лоша одбрана.
По едногодишна пауза, тој одигра три натпревари и не блескаше, па се чини дека го заврши својот натпревар со НБА лигата.
Штета, имајќи предвид дека Томас беше кандидат за МВП во Бостон и постигна 53 поени против Визардс во плејофот.
Заминувањето од Бостон и повредите го земаа данок, а годините го „газат“, бидејќи има 32.
Можеби е време да се проба во Азија или Европа?