161
Во текот на вчерашниот ден во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, при што се констатирани 47 сообраќајни прекршоци.
Од МВР денеска информираа дека на вонреден технички преглед биле упатени осум возила.
Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.