93
Белата куќа ја нарече „одвратна“ вулгарната изјава на Доналд Трамп за жените, оценувајќи дека неговото недолично однесување може да се смета за сексуален напад.
– Како и другите Американци, претседателот ги смета за одвратни видеоснимката и тие изјави – рече портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест.
Тој додаде дека однесувањето на Трамп заслужува најостра осуда и може да се смета за сексуален напад.
Во видеоснимката на „Ен-би-си“ стара 11 години, Трамп се фали со начинот на на кој ги освојува жените што го привлекуваат, односно со техники кои се блиски на сексуална злоупотреба./Мета