За БЕСА скандалозна е изјавата на Ахмети дека не брза со промена на терминот 20% со албански јазик

од Берта Китинска
147 прегледи

Од Беса изјавата на лидерот на „интегративците“, Али Ахмети дека не е проблем „терминот 20 отсто со Албански јазик“ ја сметаат за скандалозна.

Партијата го овласти својот шеф Биљал Касами да ги покани на заедничка маса албанските парламентарни партии.

„Штета е да се слушне од албански лидер дека „20%“ не влијае на албанската супстанца бидејќи овој термин е потценувачки за албанскиот народ во земјава. Што се однесува до евентуалната средба на албанските партии.Движењето БЕСА на последниот состанок на Централното раководство донесе одлука да го овласти претседателот на партијата да организира повик за следната средба во рамките на заедничката маса на албанските парламентарни партии во согласност со политичкиот договор на албанските партии во РСМ“, велат од БЕСА.

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети вели дека 20-те отсто во Уставот не ја загрозуваат албанската ситуација во Северна Македонија, додавајќи дека промената на овој термин ќе биде направен во вистински момент, но без да прецизира кога точно.

-Нема никаков проблем, сме разговарале и со ВМРО и со СДСМ. Во вистински момент, кога ќе имаме 80 мандати со 2/3, бидејќи тоа е промена на Уставот, овој проблем може да се поправи, рече Ахмети.

Слични содржини