312
Поранешниот пратеник и член на ВМРО-ДПМНЕ, Сафет Бишевац смета дека посетата на премиерот Зоран Заев и македонската делегација на Брисел е „празна посета“.
„Овој заклучок го темелам на она што го имаме како информации од нашите медиуми и пишувањата на социјалните мрежи. ЕК е за почеток на преговорите на Македонија и тоа не е никаква новост. Тие повторија дека сме подготвени за пристапување ко ЕУ. Нема ништо ни во ставот на претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен, ниту имаше ништо ново во посетата на Вархеји“, вели Бишевац.
Тој укажа дека сме сведоци на претстава дека и едната и другата страна се за европската иднина на Западен Балкан и дека останува клучниот проблем, а тоа е дека ни треба дозвола и договор со Бугарија.