За Божиновска знае светскиот бизнис крем, привилегија е што е дел од Владата – рече премиерот запрашан за бугарското државјанство на министерката

од Nikola Popovski
72 прегледи

Да биде Сања Божиновска дел од македонската Влада треба да е привилегија. Нејзината биографија и постигнувања се нешто, за што барем можете да кажете секоја чест за стручноста и личното портфолие. Се доведуваме во ситуација дека е грев, ако сме успешни, рече премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница, одговарајќи на пратеничко прашање од СДСМ за бугарското државјанство и пасош на министерката за енергетика, Сања Божиновска.

Премиерот во својот говор порача дека „Сања Божиновска е многу поголема Македонка од сите вас“, обраќајки се до координаторот на пратеничката група на СДСМ и екс-министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Ова го изјавувам и потпишувам, додаде Мицкоски.

-Од 2011 година ја знам Божиновска. Верувајте ми, за нејзе знаеја светскиот бизнис крем од Украина до Шпанија и од Аргентина до Скандинавија. Сега наместо да сме горди и среќни и дека имаме професионалец со луѓе и конекции, измислуваме приказни кои немаат врска со енергетиката и рударството. Вие како (поранешен) министер знаевте кои фирми носат јаглен во РЕК Битола? Стигаа информации до вас, допираше гласот. За багерите, за одлагачите…Сега тие кои се исплашени од сето тоа, ајде ќе измислуваме работи кои немаат никаква врска, кажа Мицкоски во Собранието.

Спасовски го праша премиерот дали кога се поставувала Божиновска на функцијата, било разговарано за нејзината бугарска самосвест и потекло, како што стои во Декларацијата што ја објави бугарската новинска агенција, БГНЕС.

Слични содржини