146
Санкционирани се 180 возачи во текот на вчерашниот ден во спроведената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, соопштија денеска од МВР.
– Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 87 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 93 надвор од населено место, се наведува во соопштението.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.