За да бидат вработени, Македонци се декларираат како Албанци

од Берта Китинска
667 прегледи

Д. Кержовска, С. Стојановиќ, Ц. Геговска, Е. С. Ѓориќ и десетици други се декларирале како Албанци, за да се вработат во Државниот инспекторат за земјоделство, пренесоа албански медиуми.

Се изјасниле на конкурсот за вработување како Албанци бидејќи ги исполнувале сите други услови, освен овој, а тоа е доволно тие да бидат вистинските лица за вработување, според балансот за правична етничка застапеност во институциите.

Вработување во Државниот инспекторат за земјоделство

– Д. Кержовска, Албанка
– С. Стојановиќ Албанец
– Ц. Геговска, Албанка
– Е. С. Ѓориќ, Албанец
– Ј. Ташов, Албанец
– С. Јаневски, Албанец
– Б. Н. Тошевски, Албанка
– Т. Дамјановска, Албанка
– С. Гогол, Албанец
– Б. Стојановски, Албанец
– Д. Србиновски, Албанец
– Ј. Трајков, Албанец
– А. Бакев, Албанец
– Т. Делев, Турчин
– С. Тербогазова, други националности

Конкурсот објавен на 29 јануари 2020 година за вработување на 20 лица во овој инспекторат, не бара кандидатите да го знаат албанскиот јазик, што го олеснува исполнувањето на овој критериум. Од албанските кандидати се бара добро познавање на македонски, англиски, француски и германски јазик.

Албанскиот како критериум за добро познавање на мајчиниот јазик од страна на кандидатот, не се појавува никаде.

Ова не е прв пат да се манипулира со системот за вработување, кој се базира на софтвер за балансирање и обезбедување правична етничка застапеност во институциите.

Слични содржини