За да нема ценовни шокови, ќе се контролираат маржите на увезените производи

од Берта Китинска
151 прегледи

Од 1 декември до крајот на февруари се реализра мерката во делот на замрзнувањето на цените на основните поризводи кои се навдени во одлуката , во моментот во министерствот се разгледуваат неколку можности за начинот како да се продолжи мерката, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

– Од март една од опциите е да се даваат маржи во делот на увоз на прехранбените производи и во делот на трговија на мало и големо. Тоа значи дека нема да има замрзнување на цените, туку само ќе се дава маржа, имајќи во предвид дека неколку производи кои не се произведуваат во нашата држава, а се увезуваат.Најверојатно ќе се намалат и ќе изнесуваат најмногу 5 отсто. Тоа е со цел да се намалат новите 7.8 поскапувања и ценовните шокови за граѓаните поради зголемените увозни цени на храна, кажа Бектеши.

Слични содржини