Утрово на влезовите на сите поликлиники во Скопје каде се врши вакцинација беше забележан метеж од луѓе.
Од министерството за здравство за „Локално“ информираат дека од утре ќе се отвораат четири нови пункта во поликлиниките Бит Пазар, Драчево, Ченто, Ѓорче Петров.
– Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните. Вчера беа аплицирани вкупно 17.679 дози, од кои 8.030 граѓани биле вакцинирани со прва доза, велат од МЗ.
Салата „Борис Трајковски“, каде што се спроведуваше масовна вакцинација, од почетокот на месецов не работи како вакцинален пункт, па во Скопје како места за вакцинирање останаа поликлиниките „Јане Сандански“, „Букурешт“ и „Чаир“.
Владата пред неколку дена информираше дека од 16 август лицата кои ќе сакаат да присуствуваат на настани во кои би учествувале повеќе од 30 лица ќе мора да приложат задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку за прва доза, на редарската служба која ќе биде задолжителна на влез во секаков вид објект.
Фото: Принтскрин